Со големо задоволство Ви го претставуваме брендот со комплетен асортиман за спиење Almero Mattress.
Фабричкиот комплекс, кој располага со најсовремена опрема за производство на душеци, перници, кревети и додатоци за спиење, ги изработува своите модели според најсовремените американски стандарди.
Дизајнирани и измислени во Америка, нашите комплексни системи за спиење се конкурентни на кој било светски пазар, било по квалитет и удобност или по издржливост.
Сите модели се внимателно создадени и повеќекратно тестирани, така што можеме да гарантираме здрав сон на долг временски период. Она што го издвојува Almero од конкуренцијата е квалитетот и карактеристиките на ткаенините што се користат за правење душеци, кревети, наддушеци и перници.
За моделите на Almero се специјално изработени 3 вида на ткаенини со уникатни карактеристики, кои покрај терморегулациониот ефект нудат и здравствени придобивки.
Револуционерната технологија COOLER е создадена со цел да Ве разлади дури и во најжешките ноќи. Уникатната MAGNAREST ткаенина специјално изработена за душеците Almero Ви нуди магнетна терапија додека спиете, со одржување на позитивно магнетно поле на Вашето тело. Во време кога аерозагадувањето драстично го намалува квалитетот на животот, ткаенината TRIPLE FRESH обезбедува чист и свеж воздух во Вашата спална соба, додека Вие спиете мирно.
Брендот Almero веќе 30 години го одржува препознатливиот дизајн и гарантиран квалитет за долготраен и удобен душек на кој ќе можете да имате мирен и здрав сон.
Almero Mattress е прв и единствен производствен погон во Република Северна Македонија, кој е специјализиран само за производство на душеци, кревети, наддушеци и перници.
Нудиме комплетен асортиман на производи за спиење, од душеци со различни карактеристики со или без пружини, душеци од латекс, од природни материјали со кокосови и камилски влакна до наддушеци и перници.
За идеално комплетирање, нудиме и широка палета на модели на кревети, кои покрај модерниот изглед, обезбедуваат и солидна и безбедна поддршка на Вашиот душек.
Пријавете се за да бидете информарани за специјалните понуди и новостите од Almero Mattress.