ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Almero D.O.O
Adresa: Ilindenska br 99
E-mail адреса: prodazba@almero.com.mk
Број на телефон: +389 42 221 640

ALMERO ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење пред да почнете го користите вебсајтот на Almero D.O.O.

Со користење на интернет презентацијата на Almero D.O.O, согласни сте со Условите на користење и Политиката на приватност која се наоѓа на неа. Доколку не сте согласни со Условите на користење и Политиката на приватност, морате да ја напуштите интернет презентацијата.

Almero D.O.O го задржува правото да ажурира или измени Условите на користење во било кој момент и без најава. Доколку Almero D.O.O изврши измени во Условите на користење, нова верзија ќе биде поставена на интернет презентацијата. Ако продолжите да користите интернет презентација после ревидентирање на Условите на користење, значи дека сте согласни со извршените промени.

Almero D.O.O има право да ја менува интернет презентацијата во било кој момент и без известување, како и да биде недостапна за користење во целина или делумно. Интернет презентацијата повремено ќе се ажурира, но не сме во должност да во било кој момент биде во потполност ажурирана (што значи дека е можно информациите и останатите материјали достапни на неа да бидат застарени или неточни).

Вебсајтот www.almero.com.mk и нејзината целокупна содржина се во сопственост на Almero D.O.O. Almero има авторски права на сликите, техничките цртежи и останатите материјали на интернет презентацијата. Симнување, менување, користење, продавање или било која комерцијална упортреба на интернет презентацијата или некој нејзин дел како и логотипот е забрането, претставува кршење на Условите за користење и може да загрози заштитата на авторски права и други закони.

КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНИЦАТА

При користење на страницата, вие сте должни да ги почитувате важечките закони и прописи. Содржината на страницата не смее да се менува, дистрибуира, репродуцира, продава, копира или на кој било друг начин да се користи и да се става на располагање на трети страни.

Забрането е објавување на материјал на страницата што изразува клевета, повреда на правата, што е навредлив, лажен, заканувачки, вулгарен, порнографски или на кој било начин поттикнува кривично или незаконско дело. Almero D.O.O. го задржува правото да го отстрани таквиот материјал од страницата без претходно известување од корисникот.

Забрането е секакво лажно претставување и објавување на неточни податоци во врска со страницата или лица поврзани со истата.

Забрането е користење на страницата за пропагандни цели.

Забрането е секакво користење на страницата со цел препродажба на стока.

Забрането е инсталирање на вируси и на сите компјутерски кодови, датотеки и програми што на кој било начин можат да ја оштетат или преземат контролата врз страницата или поврзаната опрема.

Нашата интернет страница можете да ја користите за информации и за набавка на целокупната стока која е објавена на страницата.

КОЛАЧИЊА

Нашата интернет страница користи колачиња (Cookies). Колачето е текстуална датотека која се чува на Вашите уреди (на компјутер, таблет или мобилен телефон).

Колачето е текстуален фајл кој е сместен на Вашиот хард диск од страна на веб серверот. Колачињата не може да бидат користени за покренување на програма или да се испорача вирус до Вашиот компјутер.

Колачињата се единствено доделени на вас, и единствено може да бидат прочитани од страна на веб серверот во доменот кој ви ги испратил вам. Една од основните цели на колачињата е да обезбедат погодност која Вам ќе ви заштеди време.

Ги користиме следните колачиња:

Session Cookies (Колачиња на сесија) – кои се бришат од вашиот компјутер по истекот на сесијата на прелистувачот, односно по затворање на прелистувачот.

Persitent Cookies (Неопходни колачиња) – кои се потребни за правилно функционирање на интернет презентациите. Без нив не се може да се гарантира функционалност на интернет презентацијата.

Google Analytics колачиња - информациите што ги добиваме преку овие колачиња ни кажуваат како ја користите нашата веб-страница. Ние ги користиме информациите што ги добиваме преку платформата Google Analytics за да ја подобриме содржината и функционалноста на веб-страницата. Овие колачиња можете да ги избришете во поставките на прелистувачот, но во овој случај можеби нема да можете да ги користите сите функции на веб-страницата. Google нема да може да собира и обработува податоци преку колачиња ако го инсталирате додатокот на прелистувачот лоциран на линкот: https://policies.google.com/privacy

Повеќето прелистувачи ви дозволуваат да не прифаќате колачиња. (На пример, во програмата Internet Explorer можете да ги одбиете сите колачиња со тоа што ќе изберете со кликнување “Tools”, “Internet Options”, “Приватност” и изберете опцијата “Блокирај ги сите колачиња”.) Ова, сепак, ќе има негативно влијание врз употребливоста на многу веб-страници, брзината на вчитување и употребата на некои или сите услуги.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ја процесираме вашата нарачка, ни се потребни вашето име и презиме, e-mail, адреса и телефон. Со помош на овие информации ќе можеме да бидеме во можност да ви ја доставиме посакуваната стока, како и да ве информираме за тековниот статус на нарачката.

Almero D.O.O ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за целите на техничката администрација на веб-страницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации или за комуникација со вас. Almero D.O.O нема да ги продаде податоците кои ги поседува на трети лица, ниту на пазар. Вработените во компанијата Almero D.O.O се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Ние никогаш и во никој случај нема да ги злоупотребиме Вашите приватни информации.

Ние нема да ги пренесеме вашите податоци за контакт на трети лица, освен ако тоа не е побарано од нас со закон.

Покрај горенаведеното, собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите што ги бараат и купуваат нашите посетители, како и на страниците што ги посетуваат. Ние ги користиме овие информации за да ја подобриме понудата и изгледот на нашата страница и да ви овозможиме полесно, побезбедно и поудобно пазарење.

Во Almero D.O.O ја цениме Вашата приватност, затоа за Вашите податоци водиме исклучиво внимание.

Сите посредувани информации се сигурни, ние нема да ги отстапиме на трета страна под никакви околности, што обезбедува целосно сигурно и безбедно работење и соработка со Almero D.O.O.

Вашата нарачка е целосно сигурна!

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРАТКАТА:

  • Almero D.O.O не врши достава на продуктите.
  • Доставата се врши само преку референти со кои што Almero D.O.O соработува.
  • Купците треба да се договорат со фирмата од која ги купуваат продуктите за време и начин на достава.

НАПОМЕНА:

За Потврда на нарачката, со кликање на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите на испорака.